Малолетник тешко повреден. Во сообраќајна несреќа што се случила утрово во Велес, 16-годишно момче е тешко повредено откако било прегазено на обележан пешачки премин, а возачката избегала од местото на несреќата.

Трагедија во Скопје: Возач усмрти 78-годишен велосипедист

Според информациите од СВР Велес, несреќата се случила утринава во 06:55 часот на улицата „Благој Ѓорев“. Патничко возило „Киа“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 43-годишната В.В. од Велес, удрило во малолетникот кој во тој момент поминувал на пешачкиот премин. Наместо да му укаже помош, возачката го напуштила местото на несреќата.

Повредениот пешак веднаш бил пренесен во Општата болница во Велес, каде што му биле констатирани телесни повреди.

Надлежните органи брзо реагирале, а во 13:30 часот, со В.В. бил извршен службен разговор во СВР Велес. На местото на несреќата увид извршила увидна екипа од СВР Велес, а истрагата е во тек.

Извор: Курир