Синоќа во 23 часот на паркинг од фирма во селото Порој, Тетовско, полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода А.Б.(31) од истото село.

При преглед во патничкото моторно возило „хамер“, со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 100 пакувања различна големина кокаин, девет пакувања марихуана, две дигитални ваги и два мобилни телефона. Приведениот се однесувал агресивно и физички ги нападнал полициските службеници.

А.Б. е приведен во Полициската станица Тетово, неговото возило е одземено за вештачење и по целосно документирање на случајот, ќе му бидат изготвени соодветни поднесоци.