Во текот на денешниот ден возилата биле упатени на вонреден технички преглед, при што кај шест од нив биле констатирани технички неисправности, од кои 2 биле за поголема бучавост од дозволеното и биле конфискувани во траење од 3 месеци.
Сите неисправни возила веднаш биле исклучени од сообраќај, а против нивните возачи се поднесени соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со казна од 400 евра во денарска противвредност.
Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните, односно по младата генерација, дека организирање на диви трки со возила е ризично и опасно за нив и другите учесници во сообраќајот и дека секое постапување спротивно од законот ќе биде соодветно санкционирано.