Вечерва во Само Интервју ќе гостува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски.

На емисијата ќе се зборува за следните прашања:

Зошто опозицијата е категорично против уставни измени и дали евентуалното доаѓање на власт може да ги предомисли?

Кога и како би ги почнале преговорите со ЕУ, ако не со францускиот предлог и почитување на договорите со Грција и Бугарија?

Дали реконструкцијата и дефинитивно ја затвори темата за предвремени избори?

​Освоени гласови или коалициски потенцијал, што е поважно за да се дојде на власт? Анти-стрес терапија „без вратоврски“ или реформи и вработувања, што им е потребно на граѓаните?

Дали градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ја оправдаа довербата на граѓаните?

Вечерва во Само Интервју, гостин на Гоце Михајлоски е Тимчо Муцунски, по вестите во 18.