На 3 мај 2023-та, истиот ден, додека некои родители се уште ги чекаа своите деца пред училиштето, се одржа прес-конференција на која беа презентирани првите официјални информации.
Масакрот бил планиран еден месец
Како што беше кажано, ранети се шест деца и еден наставник по историја, а загинаа осум ученици и еден училишен чувар.
Началникот на белградската полиција Веселин Милиќ детално објасни како дошло до масовното пукање и изјави дека тоа било планирано еден месец. Рече дека момчето од сефот на татко му зело два пиштоли, а на училиште донело и четири молотови коктели.
-Околу 8 часот и 40 минути Иванка Јовановиќ, помошник-директор, се јавила во Итната помош на Полициската управа за Белград и пријавила дека во училиштето влегло дете со огнено оружје и случајно пука. Веднаш биле испратени полициски патроли. После тоа, во 8 часот и 42 минути се јавило непознато лице и се претставило како К.К и кажало дека пукал во неколку лица. Кога полицијата пристигнала на местото на настанот било утврдено дека момчето кое се јавило во нашата служба употребило огнено оружје. Загинаа осум ученици, седум девојчиња и едно момче – изјави Милиќ.
Подоцна, во болница почина уште едно девоје.
Чекал да го уапсат
По невиденото злосторство на овие простори, Коста К. сам повикал полиција, го ставил оружјето на земја и чекал да го уапсат, а потоа кога полицијата го прашала зошто го направил тоа, тој само рекол: „Јас сум психопат“.
Коста во времето кога го изврши масакрот имаше само 13 години, а според нашиот кривичен законик тој не одговара за делото што го направил. Веднаш по апсењето бил однесен на Клиниката за неврологија и невропсихијатрија за деца и младинци, каде најверојатно ќе остане до полнолетство, а потоа ќе биде префрлен во друга затворена установа, бидејќи според тврдењата на сите вештаци, тој е опасност за општеството и никогаш нема да биде слободен.
Од тој 3 мај се се смени, а шокантни беа деталите кои протекоа во јавноста за подготовката на момчето убиец за злосторството, неговото правење список на пријатели што треба да ги убие.
Како е можно детето да направи таков план?!
Прашање на кое веројатно никогаш нема да добиеме одговор. Не само ова е шокантно, туку и се останато поврзано со овој случај.
Второто прашање е: „Што направија неговите родители?!“ Таткото и мајката на најмладиот масовен убиец во светот се инаку успешни и професионално остварени луѓе. Веќе половина година во јавноста се појавија барем чудни односи меѓу децата и родителите.
Најчудно е што татко му го однел Коста на стрелиште и го научил да пука, дури ангажирал и инструктор кој го научил да биде добар стрелец и се гордеел со него затоа што, како што еднаш самиот Коста им рекол на експертите кој го тренирал, шутира „како Легијата“.
Инаку, Коста со часови ја играше насилната видеоигра „Валорант“ и се допишуваше со други играчи, а безбедносните служби се уште проверуваат и дали некој го наговорил да изврши грозоморно злосторство, бидејќи, меѓу другото, била пронајдена преписка каде еден од играчот праша дали може да убие во реалноста.
Зошто го направи тоа?
За овој случај ќе се пишуваат книги и научни трудови, но веројатно никој никогаш нема да може да одговори на најважното прашање: „Зошто го направи тоа?“ Коста еднаш во болница изјави дека решил да ги убие своите пријатели затоа што тие наводно го одбиле, но малкумина веруваат во тоа.
Во меѓувреме, Вишото обвинителство поднесе обвинителен акт против неговиот татко Владимир, бидејќи не обезбедил соодветно оружје, но и против Миљана, бидејќи на чаурата што беше пронајдена во кабинетот каде Коста пукал во своите соученици, била пронајдена нејзината ДНК. Во обвинението се вклучени и претседателот на стрелачкиот клуб и инструкторот за стрелање кои му овозможиле на Коста да пука од огнено оружје и на тој начин да се подготви за делото што го направил.