Премиерот Христијан Мицкоски вечерва, преку видео порака, информира дека денеска, во рамки на посетата на Германија, заедно со владиниот тим, реализирал повеќе бизнис средби и состаноци.

Покрај состаноците со „Дојче Телеком“ на кои станало збор за дополнителни инвестиции во Македонија не само на македонскиот телекомуникациски пазар, туку и во здравството, паметната технологија и во други видови индустрии, тимот на Владата, предводен од Мицкоски, одржал состаноци и со Германската стопанска комора.

Според премиерот, економската соработка со Германија се продлабочуваме, а целта е повеќе инвестиции и повисок БДП.