Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница го избрал д-р Тони Нешковски за нов претседател на Општинскиот комитет на партијата во Кавадарци – дознава Радио Лидер од извори во партијата.
Нешковски е доктор специјалист по уролошка хирургија, роден на 10 јуни 1988 година во Кавадарци. Професионалната кариера ја започнал во ПЗУ „Медикус 92“ во Кавадарци, а од 2016 година е дел од Општата болница со проширена дејност во Кавадарци. Специјализацијата по уролошка хирургија ја реализирал во ГОБ „8 Септември“ во Скопје, а од 2023 година работи како специјалист уролог и началник на Одделот за урологија и ортопедија. Активно учествувал на повеќе домашни и меѓународни медицински конгреси.
Во ВМРО-ДПМНЕ е активен од 2004 година. Бил претседател на Комисијата за здравство на УМС во Кавадарци, потпретседател и претседател на УМС, како и советник и координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Кавадарци. Во периодот 2021-2025 година ја извршувал и функцијата заменик-градоначалник на Општина Кавадарци.
