Техничкиот министер кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ укажува на парадокс со вадењето на личните документи. Имено, Тошковски се осврнува на тоа дека македонскиот пасош кој го носи името „Република Македонија“ важи во држави како Германија, Швајцарија, Албанија, но истиот не важи и дома, во Република Македонија.

Панче Тошковски оценува дека е срамота што граѓаните се заробени и укажува на пропустите кои ги имаат направено властите.

Срамота е Македонија да ги зароби граѓаните, а истите да може да се движат во рамки на Германија, Швајцарија, Албанија, Косово и така натаму слободно да се движат со патни исправи со старото име. Ги лажеле луѓето цело време, ги лажеле и меѓународните партнери. Но, факт е дека македонскиот пасош со старото име се употребува во Германија, Швајцарија само не може да се употреби во Македонија, категоричен е техничкиот министер.

Меѓудругото Тошковски се осврна на најголеимот проблем со којшто се соочуваат македонските граѓаните, а тоа е хаосот со вадењето на лични документи. Тој во изјава за медиумите вели хаосот во Пролет веќе е среден.