52-годишна српска државјанка, денеска почина во Црна Гора, и покрај брзата интервенција на лекарскиот тим и обиди за нејзино реанимирање за време на возењето од Чањ до Бар.
Поморскиот оперативен центар на Управата за поморска безбедност и управување со пристаништа, соопшти дека повикот го добила попладне, од член на екипаж од јахта која се наоѓала во близина на плажата „Квинс“ во Чањ.
„52-годишната српска државјанка С.А.Б. ненадејно почина откако и се слошила по излегувањето од морето, и јахтата со полна брзина се упатила кон пристаништето Бар, каде што бил организиран прием од Заводот за итна медицинска помош“, стои во соопштението.