Трагична несреќа се случила вчеравечер во населбата Илинден во Скопје.
Според информациите на А1он, малолетно девојче починало откако експлодирала цистерна кај железничката станица во складишт.
Како што дознава А1он, до експлозијата дошло откако малолетници од засега непознати причини ја опожариле цистерна која потоа експлодирала.
Во 21.05 ч. во ПО-Петровец С. К. пријавил дека во населба Илинден кај железничката станица, складиште на Макпетрол од страна на малолетни лица опожарена е цистерна. Двете малолетни деца се кај него дома и по обавениот разговор со децата посочено е дека на цистерната најверојатно има малолетно женско лице и истото е починато.