Најмалку две лица загинаа, а едно е повредено кога карпа позната како „Самовилски оџак“ се урна во градот Гореме, во Кападокија во централниот дел на турската покраина Невшехир. Несреќата предизвика паника меѓу присутните туристи на оваа светски позната дестинација.

Веднаш по добиената пријава, полициски и жандармериски единици, екипи на Агенцијата за управување со вонредни состојби (AFAD) и медицински екипи на брза помош беа упатени на местото на настанот за да им помогнат на настраданите.

 

Според извештаите, огромната карпа одеднаш паднала врз луѓето кои во тој момент се наоѓале во непосредна близина, оставајќи ги заробени под урнатините. На видеозаписите снимени непосредно по несреќата се гледа густ облак од прашина и вознемирени посетители, по што спасувачките служби започнаа со расчистување на теренот.

Повреденото лице веднаш било транспортирано во болница, но засега нема официјални информации за тежината на неговите телесни повреди.

Несреќата се случила околу 15:15 часот по локално време. Првичните сомнежи се дека до одронот на карпестата формација дошло како последица на обилните врнежи од дожд што го зафатија овој регион во изминатиот период.

 

„Операцијата за пребарување и спасување продолжува на самото место со сите свои средства“, изјави Кок.

Надлежните власти формираа Кризен штаб во погодената област. Официјалната истрага за утврдување на сите околности е во тек, а повеќе детали за трагедијата се очекуваат во текот на денот.