До несреќата дошло откако девојката била на даска за сурфање на средина на езерото со пријателите.
Таа со другарот и другарката од гумен чамец преминала на даската. Била непливач и не успеала да се нсајде кога случајно паднала во водата. Не знаела да плива, сите ѝ велеле да се фати за даската, но таа се фаќала за другарот кој се обидувал да ја спаси. Бил во вода покрај неа, а таа рефлексно почнала да го дави.
Момчето и девојката кои биле покрај неа успеале да испливаат, но Јована немала среќа.
– Ги видов, Викаа, бараа помош, сакав да им помогнам, но беа далеку од крајбрежјето. На останатите им помогнав да излезат, но Јована се удави – објаснил Александар Алемпијевиќ, очевидец кој случајно се нашол таму.
Пријателите на Јована тврдат дека се удавила и дека станува збор за несреќен случај. Сите биле шокирани. Отишле да поминат сончев Ѓурѓовден и не ни помислувале дека ќе се случи трагедија. Отпловиле со гумен чамец. Дел од групата останал на чамецот, а Јована и двајцата пријатели плутале на кобната даска.