Морам да ви кажам дека кога во 2013 година Општина Центар ја доби СДСМ, а особено 2017-тата година тие им ветуваа на граѓаните дека ќе ја стопираат градбата во Центар особено на големите објекти, ќе направат мораториум и ќе ги променат ДУП-овите. Што направија од тоа? Стопираа делимично, мораториум направија на одредени проекти, меѓутоа мораториум согласно на сите законски прописи тие требаа да направат измена и на ДУП-овите, но тие направиј онака како што тие сметаа дека треба да биде уредено“, истакна Коце Трајановски, поранешен градоначалник на Скопје и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во дневникот на Сител телевизија.

Трајановски додаде дека СДСМ му го зема корисничкото право на ПУИК за стопанисување на пакингот пред Холидеј Ин.

-Му го земаа корисничкото право, му дадоа извод од ДУП на инвеститорот, му дадоа да го дооформи земјиштето. Само извод од ДУП не знам дали е во мораториумот или после моратороим. Тоа мора после да си вида службите. Му дадоа да го дооформи земјиштето, и кога Уставен суд го укина ова, огромна документација однесоа во Центар и за многу брзо време Центар оваа документација ја прегледа, и ја даде на Градот Скопје за да се пресметат комуналии и да се издаде градежна дозвола, рече Трајановски.

Трајановски посочи дека и тој се прашува кој кого лаже. Дали кога беа на изборит и рекоа дека нема да има градби или сега кога им велат на граѓаните па ќе се види, па мораториум е.

-Јас сметам дека треба граѓаните да се прашаат, да се има јавна расправа, граѓаните да одлучат што треба таму да има, нагласи Трајановски.