ѓВикторија Трајков од Прилеп порача дека поголема искористеност на ЕУ фондовите ќе донесе подобар живот и развој на општините
Министерството за европски прашања е подготвено да помогне во процесот на аплицирање за поголема искористеност на ЕУ фондовите со цел забрзан развој на општините. Ова било истакнато на денешната средба на заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, со градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.
Како што информира Министерството за европски прашања, на средбата се разговарало за степенот на искористеност на ЕУ фондовите во општината. Но и за можностите за мотивирање на граѓаните и компаниите за зголемување на интересот за поголема реализација на овие фондови. При тоа, биле дефинирани конкретни чекори за подобрување на капацитетите на општината за поголема искористеност на ЕУ фондовите.
Посебен акцент бил ставен на актуелните и планираните проекти. Поврзани со локалните бизниси и можностите за поддршка на овие проекти преку европските фондови. Целта е да се помогне во одржливиот развој на општината.
Трајков истакнала дека Министерството за европски прашања ги става на располагање своите ресурси и експертски капацитети за создавање предуслови за непречено аплицирање. Според неа, поголема искористеност на ЕУ фондовите е клучна за подобрување на животот на граѓаните и за економски напредок.
Во рамки на посетата на Прилеп, заменик-министерката ја посетила компанијата „Бимфуд ДОО“. Која со помош на ИПАРД средства го модернизирала производството и овозможила понатамошен развој на бизнисот.
Трајков го посетила и Основното училиште „Добре Јованоски“ во Прилеп. Каде имала можност да ги види придобивките од новото мултифункционално игралиште. Игралштето е изградено во рамките на проект поддржан од УНДП „Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективна социо-економска интеграција на повратниците во Западен Балкан“.
Посетата на Прилеп била заокружена со обиколка на спортските терени во општината и кратка посета на новата градинка „Бајка. Која неодамна е пуштена во употреба. Со ова се решава долгогодишниот проблем за згрижување и нега на најмладите во Прилеп.
„Владата ќе продолжи да работи на реализација на програми и проекти за подобрување на животот на граѓаните. Како на национално, така и на локално ниво,“ порача Трајков за време на посетата, стои во соопштението на Министерството за европски прашања.