– Срамота е кога ќе помислите дека имате убијци, крадци, диктатори и на сите нив им е дозволено да пишуваат, но на поранешен претседател на САД, пишувањето му е забрането, изјави Трамп.
Останатите платформи како Фејсбук, не дозволуваат коментари кои ги величат талибанците. Но, од синоќа, талибанскиот профил на Твитер бил активиран, со повеќе од 300 илјади следбелници.
Твитер го избриша профилот на Трамп на 8-ми јануари, по нередите кои настанаа во Вашингтон на 6-ти јануари, со упадот на демонстрантите во Капитол Хил.