Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, продаде хотел во американската престолнина Вашингтон за 375 милиони долари, јавува Анадолија.

Како што јави Би-Би-Си, постигнат е договор со инвестициска компанија од Мајами за продажба на хотелот „Трамп интернешнл“, во сопственост на поранешниот американски претседател Трамп, за 375 милиони долари.

Компанијата на Трамп во Вашингтон постигна договор со CGI Merchant Group за продажба на хотелот.

Според договорот, хотелот е продаден за 375 милиони долари, а преземањето на хотелот официјално ќе биде извршено во првиот квартал од 2022 година.

Хотелот располага со 263 соби

Новото име на хотелот ќе биде „Валдорф Асторија“, а со него ќе управува Групацијата Хилтон.

Познато е дека „Организацијата Трамп“ од 2019 година бара купувачи за хотел со 263 соби со 60-годишен закуп.

Американскиот Сенат претходно покрена истрага која покажа дека за време на мандатот на Трамп хотелот направил загуба од 70 милиони долари, додека од странски влади инкасирал 3,7 милиони долари.

Трамп беше 45-ти претседател на САД од 2017 до 2021 година.