Самитот презакажан поради настан во Белата куќа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе присуствува на следниот самит на Г7 што ќе се одржи во Евијан, Франција.
Според француските медиуми, претседателот Франција, Емануел Макрон, со недели се обидувал да го убеди Трамп да присуствува на самитот.
Трамп во изминатиот период ги критикуваше земјите членки на Г7, обвинувајќи ги дека не го поддржале во војната против Иран.
Првично беше планирано самитот да започне на 14 јуни, но подоцна е презакажан и ќе се одржи од 15 до 17 мај, за да не се совпадне со ММА настан организиран во Белата куќа по повод 80-тиот роденден на Трамп.
Покани и за други светски лидери
Француските медиуми објавија дека Макрон по завршувањето на самитот го поканил Трамп на вечера во дворецот Версај.
На самитот ќе бидат поканети и претставници од Кенија, Бразил, Индија и Јужна Кореја.
