Американскиот претседател најавува историски мировен договор меѓу Израел и Иран

Мир меѓу Израел и Иран, најави американскиот претседател Доналд Трамп. Израел и Иран се на пат кон постигнување мировен договор, наспроти ескалацијата на насилството што ја потресе регијата последниве денови. Објавата ја сподели преку својата социјална мрежа Truth Social. Нагласи дека интензивните дипломатски напори веќе се во тек.

– Иран и Израел треба да постигнат договор – и ќе постигнат. Исто како што успеав Индија и Пакистан да постигнат договор, напиша Трамп, потсетувајќи на неговите претходни дипломатски напори на Блискиот Исток и Јужна Азија.

Трамп тврди дека работи „напорно“ зад сцената

Во објавата, Трамп нагласува дека се одржуваат многу разговори и состаноци. Со цел да се спречи натамошна ескалација и да се обезбеди стабилност во регионот.

– Наскоро ќе имаме МИР меѓу Израел и Иран! Работам напорно и никогаш не ги добивам заслугите, но тоа е во ред, луѓето разбираат. ДА ГО НАПРАВИМЕ БЛИСКИОТ ИСТОК ПОВТОРНО ГОЛЕМ!, истакна тој.

Изјава по сериозна ескалација меѓу двете држави

Изјавата на Трамп доаѓа во критичен момент, откако конфликтот меѓу Израел и Иран влезе во трет ден од директна воена конфронтација. Израел во петокот изврши масовен воздушен напад врз ирански нуклеарни и воени цели. Беа убиени неколку високи ирански воени функционери и научници.

Трамп се заканува кон Иран: Ако американските бази бидат нападнати ќе возвратиме со невидена сила

Како одговор, Иран лансираше балистички ракети кон израелска територија, што предизвика дополнителна загриженост кај меѓународната заедница поради ризикот од регионална војна со пошироки последици.

Белата куќа тврди: Бевме свесни за планот на Израел

Трамп дополнително изјави дека неговата администрација била свесна за плановите на Израел и се обидела навремено да го поттикне Техеран на дипломатско решение. Сепак, конфликтот еруптираше, оставајќи го регионот во тензична состојба.

Дали Трамп навистина ќе успее да постигне мировен договор меѓу двата жестоки непријатели, останува да се види, но неговата најнова објава јасно укажува дека амбициозната дипломатска агенда на Блискиот Исток е далеку од завршена.

Извор: Курир