Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Австрија, деветтата фаза од Формула 1 шампионатот.
Пилотот на Мекларен, Ландо Норис ќе стартува од второто место, додека трет резултат на денешните квалификации забележа пилотот на Ред Бул, Серхио Перез.
Актелниот шампион, Британецот Луис Хамилтон од Мерцедес ќе стартува од четвртото место, додека неговиот клупски колега Валтери Ботас е петти.
Пласман помеѓу првите десет обезбедија и: Пјер Гасли и Јуки Цунода од АлфаТаури, Себастијан Фетел од Астон Мартин, Џорџ Расел од Вилијамс и Ленс Строл од Астон Мартин.
Главната трка за Големата награда на Австрија ќе се вози утре од 14 часот на патеката „Ред Бул ринг“ во Шпилберг.