ВМРО-ДПМНЕ одржува трибина на тема – Социјални политики против иселувањето и сиромаштија.

Трибината е во Тетово во рамки на партиската акција „Ова е Македонија за сите“.

Говорници на трибината се:
-Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ,
-Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ,
-Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ,
-Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Република Македонија,
-Александар Велјановски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Тетово и пратеник во Собранието на Република Македонија,
-Лазар Јовевски, Претседател на Комисија за труд и социјални работи на ВМРО-ДПМНЕ,
-Мартин Андоновски, генерален секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Во воведниот дел на трибината ќе се разговара со Димитар Костадиноски, градоначалник на општина Јегуновце; Јовица Илиевски, градоначалник на општина Брвеница и Ангел Карапетров, секретар на општина Тетово.