Серијалот на недомаќинско работење на Љупчо Николовски Путерот со АД Водостопанство продолжува.
Откако вчера реагирав дека над 500 вработени во АД Водостопанство веќе два месеци немаат земено плата и се без здравствено и пензиско осигурување, како и дека водокорисниците на земјоделските површини немаат вода за наводнување на земјоделските производи на овие пеколни горештини, денеска ќе обзнанам уште еден скандал поврзан со ова претпријатие.
Имено, добив информација дека не само што земјоделците се жалат на негрижата, туку и вработените во претпријатието во неколку наврати реагирале до менаџментот за обезбедување на основни услови за работа и тоа немале доволно нафта неопходна за тековното работење на механизацијата на терен за чистење на каналите и други активности за овој годишен период, како и дека тендерот за резервни делови е пропаднат и нема од каде да се набават основните делови за механизација.
Ова е класична неспособност и незаинтересираност за работа како со државните институции, така и негрижа кон земјоделското производство и напатените земјоделци и тоа директно од страна на Љупчо Николовски Путерот.
Згора на тоа, никој од власта, ниту пак Путерот не се охрабри да ги демантира овие мои обвинувања, што само е уште еден доказ дека сето ова е точно.
Најверојатно Николовски Путерот и Ковачевски Таче се презафатени од сончање на некоја од плажа од соседството.
Не е време за одмор кога над 500 вработени кои чесно си ја заработиле платата, а не ја добиле истата. Не е време за одмор кога поради немање на вода во каналите се заканува суша на земјоделските производи и дополнително удирање по џебот на земјоделците.
Најмалку што можат да направат Путерот и Таче е веднаш да го прекинат одморот и да изнајдат решение за проблемите со кои се соочуваат граѓаните.
Апелирам до сите земјоделци и до сите вработени во министерството и институциите под негова надлежност, да не се разочаруваат. Времето на неодговорност и недомаќинско работење завршува, а Николовски ќе одговара.
Министре Путер, ти си рак рана за македонското земјоделство. И време е да заминеш од позицијата.
Промените се неопходни.
На граѓаните им е доста од разочарувања и негрижа.
Премногу е!
Фејсбук стаус на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.