-Разговаравме за сите можности кои што стојат на располагање, се советувавме како во наредниот период да не се повторат вакви ситуации и навремено да се превенираат. Она пто морам да го потенцирам е дека еден од главните виновници за ова кое што се случи пред недела дена е АД Водостопанство на Република Македонија затоа што тоа е претпријатие кое што има законска обврска да се да се грижи за наводнување, но исто така и за одводнување на површините ширум Република Македонија, дали се работи за земјодлеските површини, или уредување на речните корита кои што се наоѓаат на нашата територија. За жал сведоци бевме изминатите 5 години дека АД Водостопанство освен правење профит од нелегалниот ископ на чакалот од речните корита, луксузирање на државен трошок, практично ништо не се работеше и затоа денеска можеме да заклучиме дека вакви ситуации ни се случуваат. Она то исто така сакам да го потенцирам е дека градоначалниците и на ваква иницијатива, и покрај тоа што изостана помошта од страна на централната власт успешно успеа да се справи со ваква ситуација и ова координација која ја наравија помеѓу себе и во иднина и во наредниот период се превенираат вакви ситуации, затоа што пред се граѓаните заслужуваат однос каков што треба, а не како што го практикува СДСМ во изминатите 5 години, истакна Трипуновски.