Општина Битола има значително влијание во земјоделското производство, затоа вечерва на трибината „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, испративме јасна порака дека земјоделството е еден од столбовите на македонската економија, истакна министерот Цветан Трипуновски.
Тој појасни дека целта на трибината е да допрат до секој земјоделец, да ги објаснат мерките и чекорите кои ги преземаат се со цел зголемување на земјоделското производство и обезбедување на доволни количини на квалитетна и безбедна храна, како и стабилно ниво на приход на земјоделците.
-Го слушаме гласот на земјоделецот, добронамерните идеи и сугестии ги реализираме на дело, вели Трипуновски.
