Интервентен фонд ќе немаше ако не беа пратениците од ВМРО ДПМНЕ!, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

За нештата да бидат појасни :

Во предлог буџетот за 2022 година СДСМ не предвиде пари наменети за интервентен фонд туку пратениците од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата преку поднесен амандман се побараа дополнителни 600 мил. денари . На самата комисија власта фатена во небрано ја менува сумата во 250 мил. денари само и само да не биде онака како што предлага опозицијата, амандманот поминува и станува составен дел од буџетот за 2022 година.

Ако СДСМ имаа намера да формираат интервентен фонд ќе предложеа пари уште во креирањето на буџетот, и ако не беа лицемерни ќе ја прифатеа нашата предложена сума од 600 мил. денари за вистински да се помогне на земјоделците!, пишува во својата објава Трипуновски.