Трипуновски нагласи:
-Македонските земјоделци поминуваат низ голгота во овие четири години. Само еден од проектите кој што го ветуваше СДСМ во предизборието е дека ќе формира гарантен фонд за заштита на македонското земјоделско производство и дека во тешки моменти ќе интервенира државата со спасување на земјоделскиот род. Тој фонд за почеток мислам дека требаше да биде околу 6 милиони евра меѓутоа тоа остана само на 94 страна од програмата на СДСМ а во реалноста никогаш не се спроведе. За потсетување овие четири години немаше земјоделски производ кој што не заврши на буниште или по македонските улици во знак на револт против владата на СДСМ. Практично земјоделците беа оставени сами на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат
Трипуновски истакна и дека има ненавремена исплата на субвенциите.
Во делот на субвенционирањето ветуваа дека ќе имаат неселективен пристап во делот на исплатата. ВМРО-ДПМНЕ во своето време на владеење воведе календар на субвенции односно тоа значи дека секоја категорија македонски земјоделец ќе знае кога и во кој период ќе ја добие својата субвенција загарантирано. СДСМ во овие четири години не само што не го почитува календарот туку има и многу заостанати обврски. Моментално имаме заостанати обврски од претходни години преки 1,5 милијарда денари од претходни години кои што се неисплатени субвенции рече Трипуновски.
Трипуновски додаде и дека владата предводена од Зоран Заев ги заборави тутунарите и ги остави без откуп и со ниска откупна цена.
-Владата на СДСМ ветуваше дека ќе биде партнер на земјоделците но гледаме дека од тоа остана само партнерство во четири очи на илинденска број 2 и министерството за земјоделство. Најголемата земјоделска категорија во Македонија во регистарот имаме околу 30 илјади семејства кои што обработуваат и ја работат културата тутун кога ќе го помножите тоа со четири члено семејство доаѓаме до бројка дека околу 120 000 семејства очекуваат приход и прехрана на нивните семејства од оваа култура. Треба јавноста да знае дека владата на СДСМ донесе 7 годишна стратегија за тутунопроизводство каде што внатре се десеткуваат површините од година во година. На крај треба да се сведе што во Пелагонија и Прилепскиот регион наместо тутун земјоделците да одгледуваат сусам. Сведоци сме дека наместо повеќе полиња со жито и прехрана на нивните семејства ние гледаме дека имаме повеќе полиња односно плантажи со марихуана. Тоа се приоритетите на оваа влада истакна Трипуновски.