Претседателите на трите соседни земји Бугарија, Србија и Албанија биле меѓу првите кои денеска понудиле помош за настраданите во Кочани.

Уште рано наутро откако дознале за несреќата, покрај повеќе премиери кои комуницирале со кабинетот на премиерот Мицкоски, овие тројца соседни претседатели имале телефонски разговори со претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Во разговорот сите тројца искажале сочувство, но и понудиле помош за справување со трагедијата, потврдуваат од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Прв кој се јавил кај Сиљановска Давкова бил бугарскиот претседател Радев кој понудил помош, а по него и Вучиќ и албанскиот претседател Бегај.

Со Бегај, Сиљановска Давкова се сретна пред неколку дена на маргините на Баку Форумот во Азербејџан,  а претходно Сиљановска Давкова имаше повеќе средби со Радев и Вучиќ.