СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против Л.Ј.(55), Т.Ј.(32) и К.Ј.(30), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 20.03.2022 во угостителски објект во Скопје, пријавените физички ги нападнале Т.С. и И.И. од Скопје.