Реизборот на судијата Трпков, како што информираат, е поради претходните успешни активности и потврдена анимација на работата на Кривичниот суд Скопје.

-Сето ова е во интерес на самите судии и сите принципи на обезбедување на правдата согласно законите и Уставот и ратификуваните меѓународни договори. Подружницата се залага за сите права на судиите, како и за правата на граѓаните-странките во постапката. Очекуваме конструктивни предлози кои соодветно ќе ги проследиме и реализираме, се вели во соопштението од Подружницата на судии на Кривичниот суд Скопје.