Цените на нафтата драстично паднаа, додека азиските берзански индекси пораснаа поради надежите за договор кој би можел да му стави крај на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот со Техеран е „главно договорен“, но потоа побара од својот тим да не брза со неговото финализирање.

Во понеделникот наутро, нафтата од типот „Брент“ падна за 5.5%, на 97.90 долари, додека американската лесна сурова нафта се намали за 5.8%, на 90.99 долари.

Трамп изјави дека договорот ќе вклучува и повторно отворање на Ормускиот Проток, стратешка рута низ која поминува околу една петтина од светската нафта и течен природен гас.

Во меѓувреме, јапонскиот индекс Nikkei 225 порасна за 2.9%, надминувајќи го нивото од 65 илјади поени за прв пат, како резултат на оптимизмот за повторното отворање на протокот.