Откако беше најавена Декларацијата за црвените линии од Венко Филипче, Христијан Мицкоски најави дека по презентирањето ќе побара неколку дена за целосен увид во содржината и можност ВМРО–ДПМНЕ да внесе свои предлози во текстот. Според него, документот треба да помине и низ кратка партиска консултација пред евентуална поддршка.
Тој прецизираше дека очекува простор за интервенции во формулациите и ставовите: „и ние како ВМРО – ДПМНЕ да учествуваме во дел од текстот на таа Декларација“.
Мицкоски додаде дека иницијативата ја очекува, но дека процесот не смее да се сведе на еднострано наметнување:
„-Јас со нетрпение ја очекувам Декларацијата, односно резулуцијата за црвените линии и тоа веќе го кажав. Се надевам дека се уште постои демократски капацитет во СДСМ, откако ќе ја презентираат да сочекаат, да и ние другите политички партии дадеме свое мислење за текстот на истата. Затоа што ако мислат дека ние априори ќе ја прифатиме, тогаш навистина јас сум збунет, бидејќи демократија така едноставно не функционира. Ти претставуваш нешто и другите акламативно го прифаќаат, тоа е во некои други времиња, коишто одамна завршија, изјави Мицкоски на новинарско прашање по посетата на ГОБ „8 Септември“.“
Според неговата изјава, следниот чекор е да се види конечната верзија на документот, по што би следувале реакции и предлози од други политички субјекти.