Дваесет и четиригодишен турски државјанин од Истанбул е приведен во Охрид под сомнение дека учествувал во врбување и намамување лице заради вршење проституција. Против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по целосното расчистување и документирање на случајот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Р.К. бил лишен од слобода вчера во 11 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид.
Според пријавеното, 24-годишниот турски државјанин е осомничен дека врбувал, поттикнувал или намамувал лице заради проституција. Тој, исто така, се сомничи дека учествувал во предавањето на лицето на друго лице со цел тоа да биде вклучено во проституција.
Полицијата продолжува да го расчистува и документира случајот, по што против Р.К. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Од МВР засега не соопштуваат дополнителни детали за случајот.
