Турција го блокираше пристапот до Инстаграм, соопшти утрово регулаторот за информатичка технологија во Турција. Ваквата одлука е без да наведе причина или колку долго ќе трае забраната.
Иако нема наведено причина се претпоставува дека потегот следи по коментарите во средата на директорот за комуникации на турското претседателство, Фахретин Алтун, кој ја обвини платформата за „цензура, чиста и едноставна“. Тој ги обвини Инстаграм по нивната одлука да ги блокира објавите за сочувство за убиството на Исмаил Ханија, политичкиот лидер на Групата Хамас.
Во меѓувреме, ескалира тензијата на Блискиот исток.
(ВИДЕО) Дали ситуацијата на Блискиот Исток целосно ќе ескалира: Убиен лидерот на Хамас
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган денеска го прогласи за Ден на национална жалост во спомен на Ханија.