Балак посочи дека целото производство на рускиот препарат против Ковид-19 ќе се врши во Турција.
Производството на вакцината е исклучително важно од гледна точка на намалување на нашата зависност од увоз од други земји, рече тој, додавајќи дека постои фабрика во Турција, во која условите за производство на препаратот се идеални.
Поради оваа причина, вакцината ќе може да се произведува под сите безбедносни услови, додаде тој. Балак истакна дека кога биле аплицирани две дози од Спутник В, лицата биле заштитени 97,6 проценти од Ковид-19.
Договорите за набавка и заедничко производство на Спутник В беа склучени пред неколку месеци. На 26 април беше објавено дека турската фармацевтска компанија Вискоран ќе ја произведува руската вакцина Спутник В во своите погони.