На средбата се презентираа туристичките потенцијали на двете земји, целите и идеите, се разменија искуства и начини за продлабочување на соработката преку туристичката индустрија иницијално, а потоа и на други полиња.
При нивната прва посета на Македонија се договорија идните чекори за развој на активниот, културниот и гастрономскиот туризам во двете земји и овозможување на поголема поддршка за промоција и вмрежување на приватниот туристички сектор.
Лавовската област во Укарина е една од најголемите области во државата и е позната по здравствениот и естетскиот туризам. Термалните води, спа, велнес и стоматолошките услуги им се развиени во повеќе пазари, а со Македонија очекуваат соработката да се развие токму во овој сегмент на туризмот. Идеата за инвестиции во нашата држава, вмрежувања и соработки е првиот чекор на Амбасадата на Украина во Македонија откако отпочна да оперира директната линија Киев- Скопје.