Амстердам планира да го зголеми данокот за ноќевање на 12,5 отсто од цената на хотелската соба, додека патниците на бродовите за крстарење ќе плаќаат 11 евра по лице, наместо досегашните осум евра.
„Амстердам ќе има највисока туристичка такса во Европа кога ќе има ново зголемување следната година“, изјави денеска за „Dutch News“ функционерот за градски финансии Хестер ван Бурен.
Туристите ќе плаќаат просечен данок од 22 евра за ноќ, наместо досегашните 15 евра за соба чие изнајмување чини 175 евра и тоа е четврти највисок данок во светот.