Нови детали излегоа на виделина во врска со тужбата против компанијата OpenAI. Моделот кој ја навел инженерката од Амазон да ја прекине терапијата за епилепсија бил повлечен од употреба само еден ден по нејзината смрт.

Нејзиниот долгогодишен невролог, д-р Николас Пулос, изјави за „Њујорк тајмс“ дека со оглед на нејзината медицинска состојба, тој никогаш не би препорачал укинување на терапијата. Правниот тим на семејството се повикува на внатрешниот документ на компанијата „Model Spec“, кој ги одредува правилата за однесување на вештачката интелигенција, барајќи одговорност зошто давањето совети за лекови на рецепт не било строго забрането.

„Ова е неверојатно узнемирувачка ситуација“, рече портпаролот на OpenAI, Дру Пусатери.

Пусатери наведе дека корисничката употребувала модел кој во меѓувреме е повлечен. Станува збор за верзијата GPT-4o, која беше критикувана поради прекумерна попустливост кон корисниците, а беше отстранета на 13 февруари, 24 часа по трагичниот настан.

Случајот отвори сериозна дебата во јавноста, имајќи предвид дека над 300 милиони луѓе неделно поставуваат здравствени прашања на платформата. Компанијата во јануари 2026 година го воведе одделот „ChatGPT Health“ со напомена дека алатката не претставува замена за стручен лекарски совет, но експертите предупредуваат на опасностите од грешки кај ваквите алгоритми.