Твитерџиите ги повикаа градоначалникот и градскиот портпарол да и објаснат на јавноста за што станува збор, но од градската администрација се уште молчат.
На почетокот на оваа година, градоначалникот Шилегов најави дека планирани со градежни работи за целосна реконструкција на Кејот 13 Ноември, со што ќе се реши хаосот и безредието кое владее на овој дел од центарот на градот. Шилегов тогаш најави дека ќе се изврши демонтажа односно уривање на постоечките летни тераси на кафулињата кои се распослани по речиси целата ширина на кејот и повеќе наликуваат на објекти отколку на летни тераси.
Што се случува на Кеј? @CityofSkopje @salihu_valon ?
Според изјавите на градоначалникот угостителитее имаат само 2,5м од објектот за тераса.
Ова се многу повеќе од 2,5 метри.
Градат ли нелегално или се работи за нешто друго? pic.twitter.com/8LvjX66c1e— Скопски времеплов (@SKvremeplov) May 20, 2021