На 15.09.2021 во 14.40 часот на бул.„Партизански одреди” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим од потраги го лишиле од слобода Б.М.(80) од с.Горно Чичево, општина Градско, со живеалиште во Скопје, кој се барал по потерница од Основен Суд-Скопје 1 за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка.