Уапсен Нигериец во Градски парк: нападнал полицаец и носел пиштол без дозвола
Нигериски државјанин со американски пасош е уапсен рано утрово во центарот на Скопје, откако физички нападнал полициски службеник и кај себе носел пиштол „Глок“ без дозвола, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил околу 04:30 часот пред угостителски објект во Градскиот парк. Полициските службеници од СВР Скопје интервенирале при вршење службени дејствија, кога 37-годишниот У.И.У. од Нигерија ги нападнал.
При претресот кај него биле пронајдени и одземени пиштол „Глок“, две рамки и 30 куршуми, за кои немал потребна дозвола.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Уапсен Нигериец
