Британската полиција уапси четворица тинејџери, по пожар во поранешна училишна зграда во Хаслемер, јави Би-Би-Си.

Пожарот избил вчера, околу 17.44 часот по локално време, а објектот бил празен.

Уапсени се 14-годишно девојче, двајца нејзини врсници, како и момче на 15-годишна возраст. Младите се под сомнение за намерно предизвикување пожар.

Со пожарот се справувале повеќе противпожарни возила.