Првин застрелан а потоа дотепан со рачката од пиштолот.. 46 годишен арачиновец е убиен утринава во казино од пријател со кој заедно се коцкале.. Во друштво на други две лица пристигнале во објектот лоциран на булеварот Теодосиј Гологанов во Капиштец.. Според обвинителството, дошле пијани, а неофицијално и продолжиле да пијат додека седеле пред слот машините.. На убиството му претходела расправија – ја почнал сега убиениот маж..
„Извесно време играле на апаратите, а потоа жртвата започнал да се расправа и да се турка со едно од лицата со кои бил заедно во казиното. Другите двајца се обиделе да ги раздвојат, но осомничениот извадил пиштол и неколкупати пукал во оштетениот. Потоа со кундакот од пиштолот го удрил повеќе пати во пределот на главата“, се вели во соопштението на обвинителството..
Убиството се случило неколку минути после осум утринава пред очите на вработените во казиното и останатите гости..
Мажот кој пукал побегнал од казиното, а останатите од друштвото и раскажале на полицијата како дошло до пукотницата.. Од МВР велат дека се трага по убиецот кој го изрешетал својот пријател..
Никој од соседните објекти не го слушнал пукањето.. За убиството дознале откако биле поставени полициски ленти околу објектот..
Од обвинителството велат дека телото на починатиот е предадено за обдукција, се прегледувале снимки од безбедносните камери, а полицијата работела на пронаоѓање на мажот кој го застрела својот пријател..