На 27.06.2021 во 11,35 часот во СВР Тетово А.С. (39) пријавила дека околу 11,00 часот во семејниот дом во Тетово извршила кривично дело убиство врз нејзиниот 51- годишен невенчан сопруг А.И.. Според пријавеното, во извршувањето на кривичното дело осомничената употребила тврд предмет. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против А.С..