Познати се деталите

Нешто по 20 часот и 30 минути во СВР Тетово од жителите било пријавено дека на улица Штипска едно лице дека се пукало од огнено оружје од еден кон друг автомобил. Лицето кое пукало се возело во автомобил од марката „Мерцедес“ додека пак куршумите биле упатени кон автомобил од марката „БМВ“.

Една жртва по престрелката

Засега познати е дека било пукано кон лицето со иницијали Р.Т. Веднаш по добиените повреди тој починал, во кратко соопштение информираат од полицијата.

(ВИДЕО) Убиство во Тетово: Фамилиите и претходно имале нерасчистени сметки!?

Уште вчеравечер по медиумите имаше информации дека ваквото убиство наводно е поврзано со неодамнешното пукање во тетовската болница пред неколку месеци. Како и овде, така и тогаш имаше повредени.

Ретроспектива: Што се случи пред тетовската болница?

На 11 јануари оваа година две лица се повредени со огнено оружје пред зградата на Ургентниот центар во Клиничката болница – Тетово. Поради природата на повредите едно од лицата е упатено во Клиничкиот центар во Скопје. СВР Тетово вечерва соопшти дека околу 18 часот и 5 минути кај нив е пријавено дека пред влезот на Ургентен центар во тетовската Клиничка болница било пукано во две лица од тетовското село Гајре, кои се здобиле со прострелни рани. И тој случај беше последница на физичка пресметка помеѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето.

МВР го расчистува случајот

Слуачјот брзо ќе биде расчистен. СВР Тетово презема интензивни мерки и активности за целосно да се расветли случајот.