Полициски службеници на СВР Тетово, денеска околу 8:30 часот во тетовско Селце, го лишиле од слобода 45-годишниот У.Д. од ова село.
-Лицето се сомничи дека во дворот пред семејната куќа со остар предмет ја усмртил неговата 73-годишна мајка Н.Д. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот. Увид извршиле Јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина, информира потрпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
По наредба на Јавен обвинител, безживотното тело на Н.Д. предадено е за обдукција.
Во текот на денов осомничениот У.Д. со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.