Имено, за овој предлог биле собрале околу 600 потписи само на подрачје на град Скопје, меѓутоа од иницијативата на денешната прес-конференција одржана пред Собрание истакнаа дека имаат голема поддршка и од останатите градови.
– По неуспешните обиди да најдеме заедничко разбирање и заеднички јазик со Министерството за образование и наука како предлагач на законот, остануваме доследни на нашата мисија и цели за стопирање на Законот. Очекуваме во рок од три дена по поднесувањето на предлогот за референдум, а во спротивно ќе сметаме дека предлогот е уреден и во согласност со Уставот и Законите ќе пристапиме кон собирање на 10.000 потписи за поддршка на Иницијативата за распишување референдум, изјави Даниела Димовска, од „Учебници и настава мора да има“.
Додаде дека доколку не бидат прифатени од претседателот на Собранието, ќе продолжат со протестите се додека како што рече таа не се спречи предлог законот.
-Очекуваме работна средба на актуелната тема со претседателот на Собранието и неговите советници за образование. Доколку не бидеме соодветно примени на работната средба продолжуваме со мирни протести и мирни маршови низ сите градови во државата, рече Димовска.