Со ова се потврдуваат објавените информации на телевизијата „Спорт Клуб“ дека УЕФА доставила до ФСС обемен материјал, поткрепен со сериозни сомневања дека бил наместен исходот на два натпревара од тековната сезона во српското првенство.

– Точно е дека добивме одредени податоци од УЕФА во врска со можни нерегуларности кои укажуваат на тоа дека дошло до нарушување на интегритетот на некои натпревари. Процесот пред надлежните органи на ФСС е во тек. Во моментов не можеме да откриеме повеќе детали, а јавноста навремено ќе биде детално известена, изјави портпаролот на ФСС Милан Вуковиќ за српските медиуми.

Сомневањата за наместени натпревари во Србија се појавиле по сомнителни уплати на два натпревара во обложувалници во Европа и Азија.