Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) преку соопштение објавено на својата официјалната веб-страница се извини за инцидентите поврзани со финалето на Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул (1:0).

– УЕФА искрено им се извинува на сите гледачи кои мораа да ги издржат или да бидат сведоци на застрашувачките настани што се случија во пресрет на финалето на Лигата на шампионите. Ниту еден навивач не треба да биде во таква ситуација, да не се повтори.

По настаните, УЕФА наложи независна истрага за да се идентификуваат недостатоците на сите субјекти вклучени во организирањето на финалето. Ревизијата ќе биде насочена кон утврдување на целосна слика и хронологија на она што се случувало во текот на денот“, се вели во соопштението.

Финалето на Лигата на шампионите се одржа на „Стад де Франс“ во Париз. Средбата требаше да започне во 21 часот, но поради судири меѓу навивачите на англискиот клуб и полицијата, таа беше одложена за 36 минути.

На 30 мај, УЕФА објави независна истрага за тоа што се случи околу финалето на Лигата на шампионите.