Одлуката на Владата е апсурдна и невозможно е да се спроведе без законски измени за кои нема време до 16ти август. Во спротивно се крши Законот за заштита на лични податоци, велат угостителите.

-Факт е дека идентификација на гостин за лични податоци и податоци од медициснки карактер согласно законите утврдено е дека може да го прават службени лица односно МВР и доктор да врши контрола. По ниеден закон по ниеден основ ниту редар, ниту вработен ниту било кој во угостителскиот објект нема право да го идентификува гостинот со име презиме односно со сотојбата дали е вакцинирано или не, вели Здравко Јосифовски сопственик на угостителски објект и претседател на НУК.

Угостителите велат дека мерката не е удар врз нив, туку удар врз граѓаните и кршење на нивните основни права. Нејасни се многу работи. Една од нив е и што со вработените во угостителските објекти кои не се вакцинирани, дали тоа значи дека после 16ти не треба да доаѓаат на работа. Угостителските објекти со капацитет под 30 гости немаат обврска за редари вели министреот за економија Бектеши. Но тоа не значи дека и нивните гости не треба да се вакцинирани.

Бектеши е дециден дека пазарните инспектори ќе контролираат дали мерката се почитува. Но од инспекторатот вчера изјавија дека тие немаат право да ги легитимираат гостите и засега немаат инструкции како ќе се одвива контролата врз редарските служби.