Силно невреме што во моментов ја зафаќа Црна Гора се движи кон Македонија, предупреди вечерва Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Претходно попладнево по 17 часот, невреме проследено со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица зафати повеќе делови од државата.
Последици од невремето се регистрирани во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Виница и Струмичко, каде што се пријавени различни штети.
Од УХМР информираат дека граѓаните треба да бидат внимателни, бидејќи временската нестабилност продолжува, а невремето од соседството се движи кон нашата земја.
