Исплатата на парични средства како дел од ДДВ искажано во фискалните сметки скенирани во тримесечјето април, мај и јуни 2021 година ќе се врши во текот на месец август 2021 година, а заради непречено одвивање на исплатата потребно е навремено ажурирање на податоците – укажуваат од УЈП.
Оттаму посочуваат дека ажурирањето се врши во самата апликација МојДДВ.
Граѓаните на брз, лесен и едноставен начин може да ја сменат трансакциската сметка со тоа што треба да се најават во апликацијата МојДДВ и да го одберат прозорчето профил, кое ќе се отвори и во полето за трансакциска сметка ја впишуваат новата трансакциска сметка и го одбираат прозорчето зачувај – се вели во соопштението од УЈП.
Од УЈП додаваат дека заради зачувување на измените по извршеното ажурирање, корисниците ја впишуваат и лозинката на апликацијата МојДДВ.